Еруптираше вулкан кој „спиеше“ повеќе од 10.000 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вулканот Хаили Губи во североисточна Етиопија еруптираше по повеќе од десет илјади години мирување, во силна експлозија што испрати облак од пепел до 15 километри во висина, според VolcanoDiscovery.

Значајна нова ерупција започна во саботата на еден од помалку познатите вулкани во планинскиот венец Ерта Але во регионот Данакил во Етиопија, а вулканот Хајли Губи, околу 15 километри југоисточно од континуирано активниот вулкан Ерта Але, еруптираше експлозивно, создавајќи голем облак од пепел кој се искачи до 15 километри во висина и премина делови од југозападниот Арапски Полуостров.

Сателитските податоци покажаа дека ерупцијата испуштила облак од сулфур диоксид (SO2).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тридневен штрајк во Белгија: Јавниот превоз функционира многу отежнато

VolcanoDiscovery наведува дека засега не се познати дополнителни детали за ерупцијата, бидејќи областа е тешко достапна и далеку од населени центри, а главен извор на информации се сателитските податоци.

Етиопската телевизија FMC потврди вулканска активност во регионот Ертала, а според очевидци, експлозијата што следела по ерупцијата била невообичаено моќна, и по моќност и по обем.