Само една недела по последната спектакуларна ерупција, вулканот Етна на Сицилија денеска повторно изби лава и голем облак од пепел.
Loading...
Ерупцијата од југоисточниот кратер фрли облак од пепел висок 12 километри во воздухот, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија во Катанија, пренесува Индекс.
Блискиот аеродром привремено ги прекина летовите.
Засега нема информации за штети или жртви, иако мештаните изјавија дека пепел и прашина паѓаат од небото.
Блискиот аеродром во Катанија, јужно од вулканот, привремено ги прекина сите летови.