Индонезискиот вулкан Мерапи, еден од најактивните во светот, денеска започна да исфрла лава во радиус од 3,5 километри во близина на густо населениот туристички град Јогјакарта.
Вулкан на индонезискиот остров Јава исфрла пепел и чад високи и до 600 метри, објави вулканската и геолошка служба на Индонезија, наведувајќи дека нема податоци за жртви.
Властите ги повикаа жителите да ја почитуваат пет-километарската забранета зона околу планината Мерапи.
Вулканот Мерапи е висок 2.968 метри и е еден од најактивните од 500 вулкани во Индонезија.
Индонезија се наоѓа во Пацифичкиот огнен појас, каде што се тријат тектонските плочи, така што земјотресите и вулканските ерупции се чести.

