Ерупција на најголемиот вулкан на Галапагос: Луѓето евакуирани! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Највисокиот планински вулкан на архипелагот Галапагос еруптираше, испуштајќи лава низ неговите падини и облаци од пепел над Тихиот Океан, потврди извештајот на Геофизичкиот институт на Еквадор.

Loading...

Облакот од гас и пепел од вулканот Вук се искачи на 3.793 метри надморска височина по ерупцијата што започна во средата непосредно пред полноќ по локално време, објави Институтот, пренесува АП.

Еквадорскиот комитет за итни операции соопшти дека новата ерупција на островот Изабела, најголемата во архипелагот Галапагос, не претставува ризик за луѓето или локалните видови.

Сепак, Министерството за животна средина соопшти дека осум лица, вклучително и чувари на националниот парк и научници, биле евакуирани од областа.

Еквадорскиот владин совет задолжен за Галапагос објави дека Комитетот за итни случаи ќе продолжи да го следи вулканот за да види во кој правец тече лавата.