Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за пукањето во Нагорно Карабах

Сподели со своите пријатели

Во вчерашната размена на оган во близина на коридорот Лачин во регионот Нагорно-Карабах, загинаа неутврден број ерменски и азербејџански војници, за што двете земји ја обвинија другата.

Loading...

Министерството за одбрана на Ерменија во соопштение изјави дека азербејџанските војници отвориле оган околу 16 часот против ерменските војници кои изведувале инженерски работи во близина на селото Тег во јужната ерменска провинција Сјуник, како резултат на што нивните сили зазеле „контрамерки“, но не беше прецизирано за што се работи, пренесува Reuters.

Селото Тег се наоѓа на спорната територија и е последното село по ред на коридорот, клучен пат што ги поврзува Ерменија и Нагорно Карабах.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија, Албанија и ОАЕ потпишаа договор за обновлива енергија тежок милијарда евра

Од друга страна, Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека нивните војници биле под „интензивен оган“ од ерменските војници стационирани во провинцијата Сјуник.

Русија испрати илјадници мировници во регионот во 2020 година, како дел од договорот за ставање крај на повеќенеделните борби во кои загинаа илјадници, а Азербејџан оствари значителни територијални придобивки.