Официјален Ереван се обрати до Обединетите нации со барање да се одржи итен состанок на Советот за безбедност на кој ќе се разгледа хуманитарната ситуација во Нагорно Карабах, соопшти прес-службата на Министерството за надворешни работи на Ерменија.
„Република Ерменија на 11 август се обрати до Советот за безбедност на ОН со барање да се свика итен состанок поради влошување на хуманитарната ситуација, поради присилната и целосна блокада на цивилното население на Нагорно-Карабах“, според изјавата, пренесува Тас, јави Танјуг.
За време на своето обраќање, постојаниот претставник на Ерменија во ОН, Мхер Маргарјан, исто така побара од организацијата да ѝ даде можност на ерменската делегација да учествува на седницата на Советот за безбедност.
Официјален Ереван тврди дека коридорот Лачин, единствениот пат од Нагорно-Карабах до Ерменија, бил блокиран на 12 декември 2022 година од група азербејџански државјани, а подоцна официјален Баку поставил свој контролен пункт на границата со Ерменија во близина на мостот Какари.
Луѓето во Нагорно Карабах добиваат хуманитарна помош со помош на руските мировници и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Сепак, по престрелката меѓу ерменските и азербејџанските граничари на 15 јуни, Баку забрани каква било хуманитарна испорака во Нагорно Карабах.