Ереван: Нагорно Карабах го напуштија повеќе од 2.900 Ерменци

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 2.900 луѓе влегле во Ерменија од Нагорно Карабах од утринава, соопшти ерменската влада.

Loading...

Според Ројтерс, етничките Ерменци започнале масовен егзодус со автомобили во Ерменија, откако Азербејџан ги победи борците од самопрогласениот регион Нагорно-Карабах.

Раководството на Нагорно Карабах објави дека 120.000 Ерменци во регионот не сакаат да живеат во Азербејџан поради страв од прогон и етничко чистење.

Во изминатите 30 години, Ерменија и Азербејџан двапати водеа вооружени конфликти за контрола на територијата на Нагорно-Карабах, а Баку ја врати контролата врз териториите во и околу Нагорно-Карабах во конфликтот во 2020 година.

Ерменците од Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, но претходно надвор од негова контрола, беа принудени на прекин на огнот минатата недела по 24-часовната воена операција на азербејџанската армија.