Војната мора да заврши пред да се прошири на целиот регион со сè поголеми трошоци за глобалната економија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Оваа војна мора да се запре пред да се прошири и целосно да го запали регионот – рече тој, предупредувајќи дека ако продолжи, „ќе има повеќе загуби на животи и имот, а трошоците за глобалната економија ќе се зголемат уште повеќе“.

