Ердоган верува во мир меѓу Русија и Украина: Турција ќе се залага за сè

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со украинскиот претседател Вoлoдимир Зеленски изјави дека планираната втора рунда разговори меѓу Украина и Русија ќе го отвори патот кон мир, соопшти турското претседателство.

Loading...

Ердоган рече дека е важно двете страни да дојдат на разговорите со силни делегации и дека средбата на лидерите на двете земји по овие разговори би можела дополнително да придонесе за мировниот процес.

„Претседателот Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да вложува напори за постигнување праведен и траен мир меѓу Украина и Русија и дека Турција се залага за продолжување на разговорите меѓу делегациите на двете земји што започнаа во Истанбул“, се вели во соопштението.