Ердоган: Турската армија никогаш не користела хемиско оружје

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турската армија никогаш не користела хемиско оружје и дека строго се придржува до меѓународното право, велејќи дека може да се преземат правни мерки против оние кои упатиле такви обвинувања, јави турската државна телевизија НТВ.

„Нашите вооружени сили никогаш не користеле хемиско оружје. Има и такви кои секогаш ќе се трудат да ви ја уништат репутацијата. Но, ние ќе ги повикаме на одговорност за таквите обвинувања, во согласност со законот“, им рече Ердоган на новинарите во авионот додека се враќаше од службено патување во Азербејџан, пренесе Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина конфискуваше 60.000 мапи поарди прикажување на Тајван

Неговите коментари уследија откако турските власти во четвртокот категорично ги отфрлија коментарите на Меѓународната организација на лекари против нуклеарна војна дека турските вооружени сили користеле хемиско оружје во операциите против курдските милитанти во северен Ирак.