Ердоган: Турција е пријател и со Русија и со Америка

Сподели со своите пријатели

Турција има добри односи и со Соединетите Американски Држави и со Русија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Loading...

„Турција е пријател со САД и Русија и со оние што ни се лоши на Запад“, рече Ердоган за време на јавното обраќање во пресрет на утрешните претседателски и парламентарни избори во таа земја, пренесе „ТРТ“.

Оценките на Ердоган доаѓаат еден ден откако изборниот ривал на Ердоган, Кемал Киличдароглу, заедничкиот кандидат на шест опозициски партии, во четвртокот ја обвини Русија дека стои зад видеото кое наводно ги дискредитира претседателските кандидати.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во петокот ги отфрли обвинувањата, велејќи дека нема сомнеж за какво било руско мешање во турските избори и дека „оние кои шират такви гласини се обични лажговци“, јави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Сан“: Земјите од НАТО не се подготвени да војуваат со Русија на Арктикот

Тој додаде дека Русија ги цени врските што ги има со Турција бидејќи Анкара презема многу одговорни, суверени и промислени чекори.

Запрашан да одговори на обвинувањата дека нема да ја напушти претседателската функција доколку победи опозицијата, Ердоган рече дека ќе прифати каков било резултат како легитимен.

Во петокот Ердоган го критикуваше Киличдароглу за неговите изјави против Русија.

„Киличдароглу ги напаѓа Владимир Путин и Русија. Кога сега ќе го нападнете Путин, извинете, нема да прифатам. Затоа што нашите односи со Русија не се пониски од односите што ги имаме со САД. Нашата трговска размена е поголема со Русија отколку со Америка“, рече Ердоган.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  CBS: 11 луѓе загинаа во пожарите во Лос Анџелес, повеќе од 300.000 евакуирани