Ердоган: Шведска и Финска не можат да влезат во НАТО додека не ги исполнат очекувањата

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција останува посветена на прашањето за членството на Шведска и Финска во НАТО, а тоа е дека двете нордиски земји во моментов не можат да влезат во Алијансата додека не ги исполнат очекувањата на Анкара.

Loading...

Нема да го промениме нашиот став додека не се исполнат нашите очекувања што им ги пренесовме на нашите соговорници“, рече Ердоган, јави Анадолија.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО на 18 мај, одлука поттикната од руската војна против Украина, која започна на 24 февруари.

Турција, долгогодишна членка на Алијансата, се спротивстави на нивните кандидатури за членство, критикувајќи ги нордиските земји дека толерираат, па дури и ги поддржуваат терористичките групи како ЈПГ/ПКК и ФЕТО, додаде Анадолија.

За да може една земја да влезе во НАТО, сите 30 членки на Алијансата треба да ја поддржат нејзината кандидатура.