Ердоган се противи на одлуката на САД да ѝ дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека се противи на одлуката на САД да ѝ дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел за напади во Русија, бидејќи верува дека тоа дополнително ќе го разгори конфликтот.

Loading...

Ваквите потези можат да го доведат регионот и светот „на работ на поголема војна“, а Русија и Украина се повикани да покажат воздржаност, изјави Ердоган на новинарите за време на неговото враќање од Бразил, каде што учествуваше на самитот на Г-20, пренесува Ројтерс.

Тој зборуваше и за ситуацијата во Сирија, нагласувајќи дека Турција е подготвена во случај САД да одлучат да ги повлечат своите војници од северна Сирија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД одобрија нова воена помош за Украина од 100 милиони долари

Тој посочи дека националната безбедност на Турција е на прво место, пренесува Танјуг.