Ердоган се понуди како посредник меѓу Русија и Украина. Кремљ: Не може

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нема да дејствува како посредник во преговорите за решавање на украинскиот конфликт, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за рускиот прв канал.

Loading...

На прашањето дали е можно турскиот претседател да стане посредник во преговорите, Песков рече: „Не, тоа е невозможно“.

Дополнително, тој потврди дека на вчерашната средба Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин се осврнале на конфликтот во Украина.

Ердоган го покани Путин во Турција

„Да, тоа прашање беше на маса“, потврди тој.

Путин и Ердоган разговараа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка.

Во разговорот, кој траеше околу еден час, се зборуваше за економска соработка, особено во енергетскиот сектор, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Тие се занимаваа и со прашањето на Русите кои патуваат во Турција, бидејќи минатата година во Турција е забележан рекорден прилив на туристи од Русија.

Освен тоа, Путин му ветил на Ердоган дека секако ќе ја посети Турција, со оглед на тоа што неговата посета била планирана долго време, но распоредот не можел да се усогласи.

Loading...

Ердоган рече дека очекува Путин да дојде во неговата земја „што е можно поскоро“.

Самиот Ердоган му понудил на Путин Анкара да посредува во прекинот на огнот меѓу Русија и Украина, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Тој изрази уверување дека може да се постигне правична спогодба која ќе ги задоволи двете страни.

Тој исто така предложи прво да се договори прекин на огнот, а потоа да почнат разговори за мировен договор.