Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција продолжува со напорите за намалување на тензиите меѓу Белград и Приштина.
Loading...
Ердоган, по седницата на турската влада во Анкара, изјави и дека неговата земја продолжува со напорите за решавање на, како што се наведува, „политичкиот метеж во Босна и Херцеговина“, пренесува агенцијата Анадолија.
– Продолживме со нашите напори да го решиме политичкиот метеж во Босна и Херцеговина и да ја намалиме тензијата во односите меѓу Косово и Србија – рече Ердоган.