Ердоган потпиша голем број договори со саудискиот принц

Сподели со своите пријатели

Саудиска Арабија и Турција потпишаа серија меморандуми за разбирање во многу области, вклучително енергетиката, директните инвестиции и одбранбената индустрија, објави саудиската државна новинска агенција SPA рано утринава.

Loading...

Ердоган на турнеја низ земјите од Заливот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман беа сведоци на церемонијата на потпишување на билатералните договори меѓу двете земји, објави СПА.

Кралството потпиша и два договори со турската одбранбена компанија Бајкар.

Ердоган се состана со принцот престолонаследник во понеделникот доцна навечер, додаде СПА.

Тој пристигна во кралството порано во понеделникот на првата станица од турнејата во Персискиот залив со „големи надежи“ за инвестиции и финансии додека Турција се обидува да ги намали буџетските притисоци, хроничната инфлација и слабеењето на валутата.

Турнејата на Ердоган низ земјите од Заливот, во која се Катар и ОАЕ, треба да заврши на 19 јули.