Ердоган: Плановите на Нетанјаху да ја прошири војната во регионот отвора вратата за голема катастрофа

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата ги повика сите земји во регионот да застанат со Либан против израелскиот план за инвазија, јавува Anadolu.

Loading...

Во обраќањето пред парламентарната група на неговата Партија на правдата и развојот (АК) во главниот град Анкара, Ердоган рече дека „Израел, кој ја уништи Газа, сега го насочи својот нишан кон Либан“.

„Гледаме дека западните сили зад завесата го поддржуваат Израел. Турција е со братскиот либански народ и со државата Либан. Ги покануваме другите земји од регионот да застанат на страна на Либан“, рече Ердоган.

Тој се осврна и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите планови.

„Плановите на Нетанјаху да ја прошири војната во регионот ја отвораат вратата за голема катастрофа. Исламскиот свет и Блискиот Исток мора прво да се спротивстават на крвавите планови. Жално и ужасно е што земјите кои зборуваат за правда и човекови права се затвореници на ментално болен човек како Нетанјаху“, рече Ердоган.

Израел, кршејќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа од 7 октомври минатата година.

Оттогаш во Газа се убиени речиси 37.700 Палестинци, повеќето жени и деца, а повеќе од 86.200 се ранети, според локалните здравствени власти.

Повеќе од осум месеци по почетокот на израелската војна, големи делови од Газа се во урнатини поради блокади на храна, чиста вода и лекови.

Loading...

Израел е обвинет за геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.