Ердоган: Не сме обврзани да го правиме истото како земјите од ЕУ во однос на антируските санкции

Сподели со своите пријатели

Анкара не е обврзана да го прави истото како земјите од ЕУ во однос на антируските санкции, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува РИА Новости.

Loading...

– Ние сме должни да го правиме истото како членките на ЕУ? Позицијата на Турција во светот е различна, различна од позицијата на земјите-членки на ЕУ. Русија е еден од нашите најблиски соседи и имаме заедничка историја, нагласи Ердоган.

Мевлут Чавушоглу претходно на прес-конференција со американскиот колега Eнтони Блинкен рече дека Анкара не се приклучува кон едностраните санкции против Русија, ниту пак дозволува нивно заобиколување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бела куќа: Речиси 3.000 севернокорејски војници се обучуваат во Русија

Официјалниот претставник на Ердоган, Ибрахим Калин, изјави дека доколку Турција воведе санкции кон Русија, таа првенствено ќе игра против самата Анкара.