Ердоган: Најреалното решение за Кипар е постоењето на две држави

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека Турција верува оти најреалното решение за политичкиот ќорсокак околу Кипар е постоењето на две држави на тој етнички поделен остров.

На заедничката прес-конференција со новоизбраниот претседател на кипарските Турци, Туфан Ерхурман, Ердоган ја поддржа политиката на две држави за ставање крај на речиси 50-годишната поделба на островот, пренесува Ројтерс.

– Кипарската грчка страна го гледа решението за Кипар како сведување на кипарските Турци на статус на малцинство во партнерска држава, што сега не постои – рече Ердоган.

Мировните преговори се во мирување со години

Ерхурман, кој во својата прва странска посета според традицијата ја посети Турција, која е единствената што ја признава отцепената Турска Република Северен Кипар, рече дека двете страни на островот мора да „научат лекција“ од минатите методи, кои не дадоа резултати или завршија неуспешно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На поранешната премиерка на Бангладеш ѝ судат за злосторства против човештвото

– Кипарските Турци се едни од двајцата партнери основачи на островот и овој статус за мојот народ не е отворен за дебата, преговори или пазарење. Никој не треба да очекува од нас да следиме пат кој е пробан неколку пати во минатото и не водеше никаде – рече Ерхурман.

Кипар е поделен на грчки и турски дел од 1974 година, а мировните преговори меѓу кипарските Грци и кипарските Турци се во застој од 2017 година.

Република Кипар, каде што живее грчко население, е членка на Европската Унија.