Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика својот руски колега Владимир Путин да прогласи прекин на огнот во Украина, да отвори хуманитарни коридори и да потпише мировен договор, соопшти неговиот кабинет.
По едночасовниот телефонски разговор, кабинетот на турскиот претседател соопшти дека Ердоган му рекол на Путин дека Турција е подготвена да придонесе за мирно решение на конфликтот, додавајќи дека прекинот на огнот ќе ја ублажи загриженоста за хуманитарната ситуација.
„Претседателот Ердоган го обнови својот повик за мир и ја истакна важноста од преземање итни чекори за постигнување прекин на огнот, отворање хуманитарни коридори и потпишување мировен договор“, соопшти Кабинетот на Ердоган.
Двајцата лидери разговараle и за билатералните односи, се вели во соопштението.