Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган ја означи Израел како терористичка држава која убива деца.
Тој додава дека ќе се бори со сите средства против признавањето на САД дека Ерусалим е главен град на еврејската држава.
– Палестина е невина жртва, а што се однесува до Израел тоа е терористичка држава, да терористичка. Нема да го препуштилме Ерусалим на милост на држава која убива деца, рекол Ердоган.
На тоа реагирал и премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху кој го обвини претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за бобардирањето на Курдите и помагање на терористите, пренесува агенцијата АФП по разговор на Нетанјаху со претседателот на Франција, Емануел Макрон во Париз.
– Не морам да слушам лекции за морал од лидеро кои бомбардираат курдски села во Турција, затвора новинари и помага Иран да избегне меѓународни санкции и им помага на терористите, особено во Газа, рекол Нетанјаху одговарајќи на прашање за изјавата на Ердоган.