Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Мохамед бин Зајед ал Нахјан во телефонски разговор го потврдија нивното единство во борбата против тероризмот.
Loading...
Ел Нахјан му упати сочувство на Ердоган во врска со терористичкиот напад врз турските војници, соопшти прес-службата на турскиот лидер.
Девет турски војници загинаа во петокот во терористички напад на Курдистанската работничка партија (ПКК) во северен Ирак, потсетува Anadolu Agency.
ПКК е сепаратистичка организација која е наведена како терористичка група во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави.