Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе се сретне со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, во рамки на неговата посета на азербејџанската автономна ексклава Нахчиван, која се наоѓа меѓу Ерменија, Иран и Турција.
Ердоган и Алиев ќе разговараат за ситуацијата во регионот Нагорно-Карабах, јавува Ројтерс. азербејџанската армија.
Ерменското раководство на Нагорно Карабах вчера објави дека 120.000 Ерменци во регионот не сакаат да живеат во Азербејџан поради страв од прогон и етничко чистење и почнале да бегаат од областа, пренесува Танјуг.
Во изминатите 30 години, Ерменија и Азербејџан двапати водеа вооружени конфликти за контрола на територијата на Нагорно-Карабах, а Баку ја врати контролата врз териториите во и околу Нагорно-Карабах во конфликтот во 2020 година.
Ердоган минатата недела изјави дека ги поддржува целите на последната воена операција на Азербејџан, но нагласи дека нема никаква улога во неа, наведува британската агенција.