Ердоган: Хамас не е терористичка организација

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“ изјави дека не го смета палестинското движење Хамас за терористичка организација.

– Не го сметам Хамас за терористичка организација. Напротив, го гледам како движење на отпорот – нагласи Ердоган.

Според него, Хамас има ограничени можности и нема сериозно оружје, но користи расположливи средства во обид да се одбрани.

Турскиот лидер претходно остро ја критикуваше израелската политика.

Така, тој го спореди премиерот Бенјамин Нетанјаху со Адолф Хитлер, изразувајќи верување дека, како што рече, „на крајот ќе ја доживее истата судбина“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Санчез: Судот на историјата ќе биде брутален против оние кои замижуваат пред Палестина