Ердоган го осуди рускиот напад

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја осуди руската инвазија на Украина, велејќи дека тоа е „тежок удар“ за регионалниот мир. Тој повика кризата да се реши со дијалог.

Loading...

– Ја отфрламе руската воена операција. Овој чекор, за кој веруваме дека е против меѓународното право, е тежок удар за регионалниот мир, хармонија и стабилност – рече Ердоган во ТВ-обраќање.

Турскиот лидер додаде дека во телефонски разговор му ја пренел поддршката на Анкара на украинскиот претседател Володимир Зеленски.