Ердоган ги предупреди Шведска и Финска

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во петокот изјави дека Шведска и Финска се во процес на аплицирање за членство во НАТО и никој не треба да се сомнева дека Турција ќе се врати на својата првична позиција во случај на каква било измама.

Loading...

Ердоган денеска во Истанбул говореше на доделувањето на дипломите за учесниците на Турската воена академија и по тој повод зборуваше за актуелни теми.

Една од темите беше и членството на Шведска и Финска во НАТО, поточно меморандумот што споменатите земји го постигнаа со Турција.

Наведувајќи дека НАТО е сè уште најважната, сеопфатна и ефикасна безбедносна организација во светот, и покрај тоа што е во центарот на различни дискусии 70 години од нејзиното формирање, Ердоган посочи дека Турција отсекогаш била на видно место во НАТО со својот придонес на таа организација, чијшто е еден од најстарите и најважните членови.

– Но, јасно е дека земјите со кои веќе извесно време сме сојузници во рамките на НАТО не доволно ја поддржуваат и не ја разбираат чувствителноста на Турција за борбата против тероризмот и заштитата на нејзините граници – рече Ердоган.