Ердоган ги осуди нападите врз Иран: Нетанјаху мора да биде запрен

Loading...
Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди израелските воздушни напади врз Иран, нарекувајќи ги „јасна провокација“ и предупредувајќи дека владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обидува да го турне целиот регион во катастрофа, објавува Ројтерс.

„Нападите на Нетанјаху и неговата мрежа на масакри, кои го запалија целиот наш регион и светот, мора да бидат запрени“, рече Ердоган на социјалната мрежа X, додавајќи дека Анкара внимателно го следи развојот на ситуацијата во регионот.

Во меѓувреме, Израел изврши нови воздушни напади врз цели во градовите Шираз и Тебриз, како и врз нуклеарниот објект Натанз, објавија иранските медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ја зголемува заштитата на еврејските и израелските институции

Претходно веќе беше потврдено дека Израел го погоди градот Тебриз, на северозапад од Иран, во нов напад што следеше по претходните воздушни напади низ целата земја.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан рече дека Иран нема да молчи по смелите напади на Израел, предупредувајќи дека „силниот“ одговор од Исламската Република ќе го натера „непријателот да се покае за својата глупава одлука“.