Епл со тужба во Италија, под обвинение дека ги мамел потрошувачите

Сподели со своите пријатели

Италијанското здружение на потрошувачи „Алтроконсумо“објави дека поднело колективна тужба против американскиот технолошки гигант „Епл“ поради практика на намерно застарување на уредите „Ајфон“.

Loading...

Здружението изјави дека бара отштета од 60 милиони евра (73 милиони долари) во име на италијанските потрошувачи измамени од таквата практика, што било признато и од италијанските власти.

Според изјавата на Алтроконсумо, тужбата ги опфаќа сопствениците на моделите iPhone 6, 6 Plus, 6S и 6S Plus, од кои околу милион се продадени во Италија помеѓу 2014 и 2020 година.

„Епл“ во еден е-маил навел дека никогаш не сторил ништо со цел намерно да го скрати животот на некој од своите производи или да го намали корисничкото искуство со цел да ги охрабри клиентите да го надградат уредот.

Слични тужби се поднесени против „Епл“ во Белгија и Шпанија во врска со пресметаната застареност на „Ајфон“.

Европската асоцијација на потрошувачи „Еуроконзумерс“, која ги координира активностите поврзани со трите споменати тужби, објави дека планира да започне акција за поднесување колективна тужба во Португалија во следните недели.

Leave a Reply