Септември е близу и ова е период кога се одржува голем саем за ИТ, при што многу производители на мобилни телефони претставуваат нови уреди. Во септември Apple ќе ги објави и своите најнови iPhone телефони, со презентација закажана за 10 септември.
Гласини и информации што излегоа укажуваат на тоа дека Apple ќе лансира три нови iPhone-и, заменувајќи ги тековните iPhone XS, XS Max и XR. Телефоните, кои ќе ги заменат XS и XS Max, може да имаат три фотоапарати на задниот дел, додека предниот сензор може да има поддршка од бавно движење од 120FPS. Овие „Pro“ уреди може да имаат и опција за безжично полнење на слушалките на AirPod.
Сите три нови модели би можеле да имаат резолуции на екранот како нивните претходници, задржувајќи ги Lightning портовите (наместо да се префрлат на USB-C).
Се очекува најновиот чипсет A13, како и Haptic Touch, кој ќе го замени 3D Touch.
Поддршката од 5G не се очекува пред 2020 година. Другите очекувани карактеристики вклучуваат сензор за лице, подобра отпорност на вода и подобрена технологија за отпорност на кршење.
За десетина дена ќе дознаеме дали сите овие шпекулации излегоа како точни и дали Apple планира некои надградби за својата iPhone линија.