Пазарната вредност на Епл првпат го надмина прагот од 1.000 милијарди долари во август 2018 година, за да надмине 2,0 трилиони долари во август 2020 година.
Loading...
Епл стана првата компанија во светот со пазарна капитализација од 3,0 трилиони долари, пренесува CNN.
Американскиот производител на Ајфон го достигна овој магичен лимит во понеделникот, кога неговите акции накратко пораснаа за околу три отсто до нов рекорд на сите времиња од 182,88 долари, надминувајќи го нивото од 182,85 долари по акција потребни за да се достигне капитализација од 3.000 милијарди долари.