ЕП за проширување на бесплатен роаминг кон Западен Балкан

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 80 пратеници во Европскиот парламент испратија писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со барање за продолжување на бесплатниот роаминг на Западен Балкан.

Loading...

„Особено сега е важно под еден покрив да ги собереме сите што ги споделуваат нашите европски вредности“, се наведува во писмото.

Иницијативата ја покрена шефицата на делегацијата на Австриската народна партија (ОВП) во Европскиот парламент, Анџелика Винчиг, која е и главен преговарач за продолжување на бесплатниот роаминг во ЕУ.

Винчиг во изјава за агенцијата АПА нагласи дека мора да се укинат вештачките граници на телекомуникацискиот пазар, а важен чекор на патот кон тоа е проширувањето на бесплатниот роаминг во земјите од Западен Балкан.

„Завршувањето на неоправданото наплаќање високи цени за телефонски повици и користење на мобилен интернет за граѓаните од Западен Балкан во ЕУ, и обратно, е важен чекор со цел дополнително зближување на луѓето и зголемување на конкурентноста на мобилните оператори. објасни таа.

Во писмото пратениците нагласуваат дека го поддржуваат вклучувањето на Украина во зоната на слободен роаминг на ЕУ, како и дека фокусот треба да биде насочен и кон земјите од Западен Балкан.

„Земјите од Западен Балкан докажаа дека се сигурни партнери на ЕУ. Со препораката на Европската комисија од 12 октомври да и се додели статус на кандидат на БиХ, направен е уште еден чекор од неколку километри во областа на политиката на проширување на Унијата“, се наведува во писмото.

Пратениците наведуваат дека е јасно оти уште некое време ќе продолжат пристапните преговори со земјите од регионот и дека со укинување на роаминг таксите веќе може да се направи важен чекор што ќе му овозможи на Западен Балкан да се приближи до ЕУ.

Loading...

Европската комисија е поканета да креира патоказ за реализација на ова барање што е можно поскоро.