Пратениците во Европскиот парламент бараат Србија да го преиспита својот однос кон Русија, пренесува Euro news.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, официјален Белград одржува блиски односи со Русија и покрај ставот на ЕУ.
Пратениците во Европскиот парламент вчера го одобрија годишниот извештај за проценка во кој изразуваат жалење што Србија не ги почитувала санкциите на ЕУ против Русија.
Текстот беше усвоен со 523 гласа за, 78 против и 34 воздржани. Европратениците бараат од српската влада итно да се усогласи со ставот на ЕУ.
„Постои итност во случајот со Србија да се направат промени „дома“ во однос на нејзиниот однос кон Русија. Таа е земја која секогаш гледала во различни насоки кога станува збор за нејзината надворешна политика. Мислам дека сега е време Србија да одлучи каде стои и се надевам дека ќе донесе јасна одлука во насока на Европа“, изјави европратеникот Владимир Билчик од ЕПП, кој е задолжен за извештајот.