ЕП одлучува дали инвестирањето во гас и нуклеарни централи е климатски прифатливо

Сподели со своите пријатели

Европскиот парламент (ЕП) денеска ќе одлучи дали да го блокира или прифати нацрт-законот на Европската унија со кој инвестициите во гас и нуклеарни централи се означени како поволни за климата.

Loading...

Овој предлог-закон предизвика длабоки поделби меѓу земјите-членки на ЕУ поради различните ставови за тоа како да се бориме против климатските промени.

Парламентот ќе одлучи дали ќе стави вето на предлогот на Европската комисија да се вклучат гасните и нуклеарните централи во „таксономијата“ на ЕУ, односно да се стават на листата на економски активности кои инвеститорите можат да ги означат и да ги пласираат како зелени проекти во ЕУ, пренесува Ројтерс.

Претставниците на ЕУ очекуваат исходот од гласањето да биде тесен. Предлог-законот ќе биде отфрлен доколку 353 пратеници гласаат против, односно нешто повеќе од половина од вкупно 705 пратеници во целосниот парламент.

Европската народна партија, најголемата парламентарна група во ЕП, доцна синоќа потврди дека 107 нејзини пратеници планираат да ги поддржат предложените правила на ЕУ на седницата во Стразбур, наспроти 31 пратеник кои имаат намера да ги блокираат. Зелените и социјалистите се против правилата на ЕУ, додека пратениците од Обнова се главно за.

Гласањето мора да се изврши лично, што уште повеќе ја заостри процедурата за гласање, но некои пратеници се повлекоа поради ковид-19.

Парламентот ќе гласа напладне.