ЕП ја осуди репресијата на Анкара врз опозицијата во Турција

Сподели со своите пријатели

Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која се осудува репресијата врз опозициските политички партии во Турција, а од властите во Анкара се повикуваат да обезбедат сите партии слободно и целосно да ги извршуваат своите легитимни активности во согласност со основните принципи на плуралистички и демократски систем.

Европратениците најостро го осудија обвинението поднесено од главниот турски јавен обвинител со кое се бара распуштање на Народната демократска партија, трета по големина политичка партија во турскиот парламент.

Се додава дека ова е „кулминација на долгорочна акција“ против оваа партија, нејзините лидери и членови и бара нивно непречено учество во турските демократски институции.

Европратениците исто така ја осудуваат одлуката на турските власти да ги отстранат демократски избраните градоначалници од функцијата врз основа на сомнителни докази и да ги заменат со „неизбрани комесари“.

Исто така, се посочува на политички, законодавни и административни мерки преземени од турската влада за „парализирање на општините“ управувани од градоначалниците на опозициските партии во Истанбул, Анкара и Измир.

„Овие активности продолжуваат да ја поткопуваат способноста на политичката опозиција да ги користи своите права и да ги исполнува своите демократски улоги“, предупредуваат европратениците.

Европратениците предупредуваат дека, покрај подобрувањата во надворешната политика, напредокот на секоја „позитивна агенда“ на ЕУ и Турција треба да зависи од подобрувања во човековите права и владеењето на правото во земјата, вклучувајќи ги правата на жените, верската слобода и правата на етничките малцинства и ЛГБТИ заедници.

Leave a Reply