ЕП бара визна либерализација за Косово

Сподели со своите пријатели

Европскиот парламент во средата со 469 гласа за, 96 гласа против и 72 воздржани го усвои извештајот на европратеничката Виола фон Крамон за Косово.

Loading...

Кога станува збор за дијалогот меѓу Србија и Косово, ЕП ја повторува важноста од „конструктивен ангажман“ на двете страни за постигнување правно обврзувачки договор за нормализација на односите и потсетува на неопходноста од спроведување на сите договори постигнати досега во дијалог, вклучително и формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО), пренесува Танјуг.

Усвоениот извештај, кој на тој начин доби форма на овогодинешната Резолуција на ЕП за Косово, го повторува повикот до Европската унија да донесе одлука за безвизниот режим за граѓаните на Косово.

Признавање на Косово

Повторно се изразува жалење поради фактот што пет земји-членки на ЕУ сѐ уште не ја признале независноста на Косово и повторно се поканети да го сторат тоа.

Со усвоениот документ, Европскиот парламент целосно го поддржува барањето на Косово за прием во Советот на Европа и ја забележува намерата на Косово оваа година да аплицира за членство во ЕУ.

Се предупредува дека за Косово „нема брза процедура“ и дека нормализацијата на односите со Србија е неопходна за Косово да напредува во евроинтеграциите.

Европратениците изразуваат жалење за одлуката на косовските власти да го спречат гласањето на територијата на Косово на српските избори одржани на 3 април.

Европскиот парламент го пофали Косово за усогласувањето со позициите на ЕУ и санкциите против Русија.

Loading...