Енрике застана во одбрана на Де Хеа по поразот од Украина

Сподели со своите пријатели

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике побара да не се обвинува голманот Давид де Хеа за синоќешниот пораз од Украина во Лигата на нациите.

Loading...

Украинците победија со 1:0 со гол постигнат на петнаесетина минути пред крајот, откако Де Хеа непотребно го напушти голот и беше излезен дури и од својот шеснаесетник.

– Секогаш може да се направи повеќе, но да се обвинува Де Хеа е веќе лоша навика. Ако Давид е обвинет за вакви натпревари, тогаш ова е премногу, истакна Енрике.

Шпанија е прва во групата со со седум бода, Украина и Германија имаат по шест, Швајцарија по четири кола собра два бода.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply