Енормно зголемен бројот на заболени од грип во Куманово

Сподели со своите пријатели

Енормно зголемување се бележи кај бројот на заболени лица од грип во последните три недели од декември кога биле регистрирани 359 случаи, а вкупно 495 од почетокот на годината.

Бројот на лица со грип само во последната недела ја надминала бројката за целиот претходен месец, а како што истакна др. Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово тоа се должи на редовното пријавување на случаите од страна на матичните лекари.

Остануваат оние препорани што се однесуваат на респираторните, за преносот на инфективните заболувања по респираторен пат или т.н. капкови инфекции, да се избегнуваат затворени простории, да се адекватно облекуваме, да се одржува пред се општата и личната хигиена, пред се миењето на раце и пред се витаминската исхрана и терапија, а доколку веќе настанат симптомите би требало барем тие почетокот на развојот на овие симптоми особено кога имаме изразито кашлање и квиање би требало овие лица да останат во домашни услови, меѓутоа веќе тоа ако веќе носење на заштитни маски, особено во здравствените установи каде превенцијата треба најдобро да се одвива – изјави др. Стаменковска.

Основните симптоми на грип се зголемена телесна температура над 38,5 степени, малаксаност, болки во мускулите, надразнета и сува кашлица, а според др. Стаменковса опасност демне и од аерозагадувањето.

Секако дека аерозагадувањето е еден од ризик факторите во овој зимски период да респираторните инфекции станат почести и еднсотавно лицата да станат поосетливи, бидејќи станува збор за сезонско заболување најголемиот пек го очекуваме во текот на почетокот на наредната година, јануари, февруари, така беше и минатата година, но за разлика оваа година, заболувањето во однос на претходната година е зголемен.

Споредбено со истиот период лани кога бројката на грипосани изнесувала само 89 регистрирани лица, сега истата изнесува 359 случаи.