Ендрју Тејт oстанува во притвор во Романија под обвинение за трговија со луѓе

Сподели со своите пријатели

Ендрју Тејт, контроверзен инфлуенсер со американско-британско потекло, ќе остане во притвор во Романија, откако судот ја одби неговата жалба.

Loading...

Тој беше приведен минатиот месец со неговиот брат Тристан за време на истрагата за наводите дека биле дел од банда одговорна за силување и трговија со луѓе, што тие го негираа.

Властите сметаат дека браќата заедно со двајца романски државјани раководеле со „организирана криминална група“.

Полицијата ќе ги притвори 30 дена откако судот во вторникот ја одби нивната жалба.

Тејт претходно беше виден со лисици и придружуван од неговиот брат како влегува во Апелациониот суд во Букурешт, носејќи копија од Куранот, светата книга на исламот.

 

 

Loading...

По апсењето на 29 декември, полицијата соопшти дека идентификувала шест лица кои наводно биле „сексуално експлоатирани“ од оваа „организирана криминална група“.

Жртвите наводно биле „регрутирани“ од британски државјани, кои лажеле дека имаат намера да започнат романтична врска со нив, а оваа стратегија ја нарекуваат „метод на љубовникот“.

Подоцна, под закана со насилство, тие биле принудени да учествуваат во производство на порнографски содржини, се додава во полициското соопштение.

Еуген Видинеак, адвокатот на браќата Тејт, рече дека неговите клиенти не ги извршиле злосторствата.

Ендрју Тејт е роден во Америка пред 36 години, подоцна се преселил во Велика Британија и имал успешна кариера како кикбоксер.

Тој беше исфрлен од реалното шоу во Обединетото Кралство „Големиот брат“ во 2016 година, откако се појавија снимки на кои тој физички напаѓа жена.

Тој основал компанија која се занимава со „бизнисот со веб-камери“, кој го опишал како „забава за возрасни“.

Тој се здоби со светска слава кога неговиот профил на Твитер беше блокиран откако рече дека жените треба да бидат „одговорни“ кога ќе бидат сексуално нападнати.

Loading...

Подоцна, неговата сметка била вратена.

И покрај ограничениот пристап до социјалните мрежи, тој стана популарен, претежно меѓу помладите мажи, промовирајќи ултра машки и луксузен начин на живот.