Емпатијата е училиштен предмет во Данска, а еве и зошто е тоа важно!

Сподели со своите пријатели

Звучи неверојатно, но тоа е вистина! Емпатијата е задолжителен предмет во училиштата во Данска уште од 1993 година, и ова може да биде тесно поврзано со фактот дека според извештајот на ООН од пред неколку години, оваа земја беше прогласена за една од најсреќните во светот.

Loading...

Постојат многу причини за воведување емпатија во училиштата. Докажано е дека помага во градењето подобри односи, го намалува бројот на малтретирање меѓу врсниците и помага во деловните активности.

Во оваа земја нема корупција, има бесплатно образование, а животниот век е 80 години

Емпатичните тинејџери се многу повеќе насочени кон задачите и целите, наспроти тинејџерите кои немаат развиена емпатија.

Со оглед на тоа што целото школување во Данска е многу прогресивно и ориентирано кон развој на основните животни вештини, не е изненадувачки што овој предмет е исто така на списокот во училиштата.

Еден час неделно е посветен на часови по емпатија, а го изучуваат деца на возраст од 6 до 16 години.

За време на часот, учениците дискутираат за нивните проблеми, без разлика дали се поврзани со училиште или не. Потоа, заедно со целиот час, тие бараат решенија. Основата на решенијата лежи во внимателно слушање и разбирање.

Кембриџ: Необразованите и оние кои не умеат аналитички да размислуваат не веруваат во Ковид-19

Loading...

Доколку се случи да нема проблеми за кои може да се разговара, учениците можат да поминат време уживајќи и релаксирајќи се. Тоа е нешто што Данците го нарекуваат хиг, и за кое нема соодветен превод на нашиот јазик. Наједноставното објаснување е да се создаде пријатна и интимна атмосфера.

Тимската работа е клучна алка во проучувањето на емпатијата. Резултатите од истражувањето покажаа дека 60% од задачите во данските училишта се извршени со помош на тимска работа.

Поединци не се истакнуваат, туку се работи за да им се помогне на помалку талентираните ученици на кои им е потребна помош. Со учење заедно, децата можат да научат многу повеќе работи отколку кога се натпреваруваат едни со други за подобри оценки и поголемо внимание.

Возрасните споделија совети за кои мислат дека тинејџерите мора да ги знаат!

Нашето школување не е ни приближно толку напредно како на Данска и сигурно нема наскоро да имаме можност нашите деца да научат вакви витални работи на училиште, но се надеваме дека со оваа приказна ве инспириравме да му посветите време на данскиот начин на воспитување и грижа на вашето сопствено дете.

Вашите деца ќе бидат благодарни и полесно ќе се справат со сè што им носи животот во иднина.

Leave a Reply