Емисиите на јаглерод диоксид во светот на рекордно високо ниво

Сподели со своите пријатели

Глобалните емисии на јаглерод диоксид што произлегуваат од согорувањето на фосилните горива ќе достигнат рекордни височини оваа година и ќе ги влошат климатските промени и ќе придонесат за појава на разорни и екстремни временски услови, предупредуваат научниците.

Loading...

Во извештајот за глобалната пресметка на емисиите на јаглерод, објавен по повод климатскиот самит COP28, се наведува дека вкупните емисии на CO2, кои достигнаа рекордно ниво минатата година, ќе стагнираат во 2023 година поради малото намалување на користењето на земјиштето, како што е уништувањето на шумите. пренесува Ројтерс.

Се очекува дека државите оваа година ќе испуштат вкупно 38,6 милијарди метрички тони CO2 од фосилните горива, односно емисиите ќе се зголемат за 1,1 отсто во споредба со претходната година, се заклучува во извештајот на научници од повеќе од 90 институции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бразилскиот претседател најави реципрочен одговор на американските царини

Кога ќе се вклучат емисиите кои произлегуваат од експлоатацијата на земјиштето, глобалните емисии на CO2 треба да изнесуваат вкупно 40,9 милијарди тони оваа година.

„Придонесот“ на Кина и Индија

Емисиите од јаглен, нафта и гас се зголемени најмногу поради Индија и Кина.

Растот во Кина беше поттикнат од рестартирањето на економијата на таа земја откако беше затворена за време на пандемијата, а во Индија растот беше поттикнат од зголемената побарувачка за енергија, за која обновливите извори се недоволни, што се компензира со фосилни горива.

Овогодинешниот тренд на емисиите го оддалечува светот од стремежот да се спречи глобално зголемување на температурата за 1,5 степени во споредба со прединдустриското време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еврејските ученици во Сиднеј се враќаат во училиштата со засилени безбедносни мерки

„Се чини неизбежно да ја надминеме границата од 1,5 степени што ја поставивме во Парискиот договор“, изјави водачот на истражувањето Пјер Фридлингштајн, професор од Универзитетот во Ексетер.

Loading...

Во Парискиот договор од 2015 година земјите утврдија дека нема да дозволат глобалното затоплување да надмине два степени и дека ќе се залагаат да не надмине ни 1,5 степени. Научниците предупредуваат дека зголемувањето на температурата за повеќе од 1,5 степени ќе предизвика поекстремни, неповратни последици, како што се смртоносни топлотни бранови, катастрофални поплави и смрт на коралните гребени.