Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани изјави денеска дека Израел „намерно одлучил да ја прошири својата агресија за да го постигне претходно планираното сценарио на Западниот Брег и Либан“.
Во својот годишен говор на отворањето на Советот на Шура, тој истакна дека Израел го направил тоа бидејќи гледа дека таквата цел е остварлива, пренесе Ројтерс.
Советот на Шура има законодавна моќ и ја одобрува државната политика и буџетот, но не донесува одлуки за прашања од одбраната, безбедноста, економијата и инвестициите во Катар, земја богата со гас каде што политичките партии се забранети, наведува агенцијата.
Емирот додаде дека Шурата ќе предложи амандмани на Уставот на Катар, кои ќе бидат ставени на гласање на народен референдум.