Обединетите Арапски Емирати ќе го испратат првиот астронаут во вселената на 25 септември, а тоа ќе биде Хаза ал Мансури или Султан ал Најади, соопштија денеска властите во оваа земја.
Loading...
Тие ќе бидат испратени на Меѓународната вселенса станица, поточно се уште не е одлучено кој од нив двајцата, иако владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, нивните имиња ги обелодени уште минатиот септември.
ОАЕ имаат амбициозен вселенски програм и сакаат да го колонизираат Марс до 2117 година, каде според нивните планови, би бил формиран и целосно функционален град за 600.000 жители.