Емилио Богатиновски стана државен јуниорски првак во кик бокс (фото)

Сподели со своите пријатели

Емилио Богатиновски стана државен јуниорски првак во кик бокс на Државното првенство на Македонија за јуниори и кадети кое оваа сабота се одржа во Штип.

Учество на превентсвото земаа поголем број кик бокс клубови од целата држава, а свој настап имаше и КБК „Куманово 2006“ каде Емилио Богатиновски стана државен првак во дисциплината кик лајт во тешка категорија (до 94 килограми).

 

Loading...

kik boks2

 

Богатиновски во финалето беше подобар од противникот од клубот „Шампион“ од Скопје во борба во која во првата рунда доживеа непријатен удар – нокдаун, за потоа да се врати уште похрабро и посилно и да го совлада противникот на поени.

Тренерот Сашо Илиевски е презадоволен од резултатот кој го постигна Богатиновски.

Веќе ни стана пракса да освојуваме медали и добри резултати од овие првенства и турнири. Очекувам да продолжиме со ист ритам и во понатамошниот тек на натпреварувањата од оваа сезона – вели Илиевски.

Инаку тренерот Илиевски пред неполн месец ја прими и наградата за најдобар тренер која го покажува успехот на овој клуб.