Емил Цветанов од Куманово е избран за нов претседател на Велосипедската федерација на Македонија.
На вонредното собрание на федерацијата, со едногласна поддршка од сите претставници на клубовите членки, Цветанов беше избран да ги предводи македонските велосипедисти.
Тој доаѓа на местот на Иванчо Тошевски, кој до неодамна ја вршеше функцијата претседател.
– Искрена благодарност до Иванчо Тошевски за неговиот досегашен ангажман на функцијата претседател, како и желби за успех во неговите понатамошни професионални ангажмани. Честитки до новоизбраниот претседател Емил Цветанов, со верба за успешна и плодна соработка и нови заеднички успеси во велосипедскиот спорт, велат од Велосипедската федерација.
Инаку Цветанов е претседатле на велосипедскиот клуб „Крос сајклинг“ од Куманово и е долгогодишен велосипедист со бројни успеси на домашен и меѓународен план.
Никола Ивановски

