Кремљ пред состанокот на членките на ЕУ предупреди дека можното европско ембарго на руската нафта може да го погоди светот.
„Нафтено ембарго би влијаело на снабдувањето со енергија на Европа, додека Америка не би изгубила ништо во случај на ембарго“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Нов полициски час во Киев – од понеделник навечер до среда наутро
„Таквото ембарго би имало многу сериозно влијание врз светскиот пазар на нафта, штетно влијание врз енергетскиот пазар на Европа. Очигледно е дека Американците не би изгубиле ништо, нивната позиција би била подобра од европската. Таквата одлука би влијаела на цел свет“, додаде тој.
Европскиот увоз на руска енергија досега беше поштеден од санкции бидејќи Европејците во голема мера зависат од руската нафта и гас.
Италија планира да смести украински бегалци во конфискувани мафијашки имоти
Германија беше особено критикувана поради тоа што се спротивстави на сегашното ембарго на руските јаглеводороди од кои нејзината економија е силно зависна.