Европскиот регулатор на лекови (ЕМА) за 6 јануари го закажа вонредниот состанок на кој ќе го процени барањето за одобрување на вакцината против Ковид-19 на компанијата „Модерна“ да се појави на пазарот.
„Модерна денеска, пред истекот на рокот, го достави последниот пакет податоци потребни за проценка на апликацијата. Тој содржи информации што се специфични за производство на вакцината за пазарот на ЕУ”,соопшти ЕМА, пренесена од британските медиуми.
Европската агенција за лекови (ЕМА) претходно планираше да се состане на 12 јануари за да ја разгледа апликацијата. Оттаму во вторникот соопштија дека на 21 декември ќе биде свикан стручен комитет за проценка на вакцината направена од американската компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТек“.
Сашко Димевски