Ема (34) од Есекс во Велика Британија вели дека треба да води љубов неколку пати на ден, како и дека почнала да го изневерува своето момче бидејќи не можел да ги исполни нејзините барања во кревет.
– Кога би го оценила моето либидо на скала од 1 до 10, тогаш тоа би било чиста десетка, додека мојот дечко би заслужил седумка. На почетокот, се беше во ред, бидејќи се беше ново и не можевме да ги тргнеме рацете едни од други – вели таа и продолжува:
– Но, по една година, западнавме во рутина и тој почна да се „откажува“ во кревет. Од друга страна, мојата желба за врски само се зголеми, особено за време на викендите.
– Додека тој сака малку да забави и да ги гледа игрите, морам да водам љубов најмалку три пати во недела до пладне. Сфатив дека нашите сексуални нагони се драстично различни и решив да најдам задоволство од другата страна. Прво започнав афера со мојот шеф. Она што ми требаше беше обичен секс со личност со силно либидо. Во суштина, барав машка верзија за себе – објаснува Ема.
– Наскоро започнав афера со згоден молер. Тој беше уморен од водење љубов со сопругата и имавме многу интересни моменти на плажа. Знаев дека има уште неколку девојки на страна, но тоа не ми пречеше. Тој дури ме охрабри да најдам повеќе партнери – наведува жената.
– Тоа и го направив и имав афера со готвач во локален ресторан. Тој не криеше дека спие со неколку келнерки, но за мене тоа беше совршено. Единствено што е важно е дека нашата акција е секогаш жестока – искрена е Ема, која е убедена дека нејзиното момче (кое се уште не знае за нејзините прељуби), нема да ја обвини што го изневерила.
– Мислам дека нема идеја дека го изневерувам. Но, дури и да знае, убедена сум дека тоа нема да влијае на нашата врска. На крајот на краиштата, тој знае дека го сакам, но и дека нашите сексуални енергии се различни и дека имам желби што тој не може да ги задоволи – заклучи Британката.