ЕЛЕМ ќе вложи 270 илјади евра во обновливи извори на енергија

Сподели со своите пријатели

Електрани на Македонија ќе вложи 270 илјади евра во нови проекти и истражувања во областа на обновливите извори на енергија.

Компанијата попладнево соопшти дека овие средства ги вложува со цел да го зголеми уделот на електричната енергија добиена од обновливи извори во вкупното производство на електрична енергија од АД ЕЛЕМ.

Овие средства, АД ЕЛЕМ ги добива во рамки на проектот „CROSSBOW“, склучен меѓу Агенцијата за иновации и мрежи (INEA) формирана од Европската комисија и конзорциум од 24 партнери, меѓу кои и АД ЕЛЕМ.

Целта на проектот е испитување на можностите за менаџирање на различни видови обновливи извори на енергија и на можностите за складирање на енергијата добиена од нив, со што ќе се овозможи транснационален пазар на големо за електрична енергија.

– Во однос на учеството во проектот „CROSSBOW“, АД ЕЛЕМ има цел да развие иновативен национален пазарен продукт, кој ќе биде достапен на сите учесници на пазарот на електрична енергија преку транспарентни и недискриминаторни утврдени правила и закони, што беше и нагласено на состанокот на учесниците во проектот, кој се одржа денеска во Софија, Бугарија, се вели во соопштението.

Извор: МИА