Во текот на минатата недела, царинските службеници открија две измами, еден обид за нелегален влез на мигранти и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено биле задржани готови пари, лекови, делови за мобилни телефони, технички производи, свежа риба, соја, безалкохолни пијалоци, цигари, облека и фалсификати.
Според извештајот на Царинската управа на Република Македонија, три употребувани електрични апарати биле откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, покриени со личниот багаж на патниците, биле привремено задржани, а против возачот поведена прекршочна постапка.


