Карен Херн е новата ѕвезда на моментално многу популарното телевизиско шоу, Extreme Cheapskates. Таа ги шокираше гледачите велејќи дека, поради своите заштеди, никогаш не оди на забар, туку сама поправа сè.
“Заштедив илјадници и илјадници долари не одејќи на лекар и стоматолог. Неодамна забот почна да ме боли многу, го оставив да трае две недели, но само се влоши. Се откажав од природните методи на лекување и отидов на стоматолог, но тој ми рече дека третманот и сите процедури ќе ме чинат 1.800 американски долари. Поевтина опција беше екстракција, 185 долари “, рече таа, додавајќи дека решила да се врати дома и да го извади забот сама, со помош на нејзиниот сопруг Грант.
Двојката изградиле вистинска мала клиника во дневната соба, и иако тој најпрво бил исплашен, Грант и помогнал на сопругата. Се на се, ги чинело само 10 долари, пренесуваат странските медиуми, а Карен, иако имала болка, е среќна што заштедила.
„Болката ќе помине, а заштедените пари ќе траат многу подолго. Дури и да победам на лотарија, не би се менувала“.